Практични совети и согледувања од страна на аудитир во однос на контрола на хигиената организиран во соработка со LIDL Северна Македонија
Со задоволство ве покануваме на Специјалниот IFS Вебинар посветен на хигиената,организиран во соработка со LIDL Северна Македонија.
Овој вебинар ќе обезбеди вредни сознанија за барањата за хигиена на IFS стандардот и примери од практичната работа на проверувачите при проверка и сертификација на самиот стандард, помагајќи им на производителите да ги зајакнат системите за управување со безбедноста на храната и хигиената.
Детали за Вебинар-от
Датум: 28 април 2026 година
Време: 13:00 – 15:00 часот по средноевропско време
Локација: Електронски
Бесплатно учество!
Теми и Предавачи:
Барањата на IFS за хигиена
Презентирани од страна на Катерина Костадинова, IFS Food Аудитор во TÜV Rheinland, таа е консултант за храна и водечки проверувач со повеќе од 20 години искуство во прехранбената индустрија, специјализирана во имплементација и проверка на интренационалните стандарди како IFS, BRCGS, HACCP, ISO 22000 и FSSC 22000. Таа ја поддржува работата на компаниите во прехранбениот сектор во целиот регион со консултации, обуки и техничка поддршка, помагајќи им да ги зајакнат своите системи за безбедна храна и да ја усогласат својата работа со законските барања на ЕУ.
Најважни теми:
- Клучни барања на IFS Food поврзани со хигиената
- Типични неусогласености за време на проверката
- Практични примери од искуство на проверувачот
Добри практики за контрола на хигиена и дезинфекција
Презентирани од Ана Николовска, Техничка Поддршка и Сервис – Храна и Пијалоци вo Marvimex DOOEL – Ecolab локален партнер. Таа ги поддржува компаниите од прехранбениот сектор со имплементирање на решенија од Ecolab во нивните производства. Нејзината експертиза се состои од оценување на управувањето со хигиената во самото производство, советување за правилна примена на програмите за чистење и дезинфекција во производствените капацитети и обезбедување усогласеност со потребните хигиенски стандарди. Ана е исто така активно вклучена во процесите на регистрација на производи и во евалуацијата и следењето на резултатите од чистењето и дезинфекцијата во пракса.
Најважни теми:
- Ефективни стратегии за контрола на хигиената
- Практична примена на хигиената и дезинфекцијата
- Примери и случаи кои потекнуваат од производствените погони
Вебинарот е специјално креиран за производителите во прехранбената индустрија кои бараат прасктични решенија за подобрување на хигиенската пракса и зајакнување на примената IFS стандардот.
Кој треба да присувствува?
Овој вебинар се однесува на сите професионалци кои работат во прехранбената индустрија,
вклучувајќи ги:
- Менаџери за Квалитет и специјалисти за Обезбедување Квалитет
- Менаџерите за безбедност на храна и хигиена
- Менаџери во производство и супервизори
- Технички менаџери
- Одговорни за IFS и интерни аудитори
- Одговорни лица за одржување хигиена и дезинфекција
Особено е важен за компании кои соработуваат или планираат да соработуваат со малопродажни синџири како ЛИДЛ, и за тие кои сакаат да ја подобрат усогласеноста со барањата за хигиена на IFS Food стандардот.
За серијата вебинари на IFS 2026
Овој вебинар е дел од серијата професионални настани кои се организирани електронски во текот на 2026, посветени на практични теми поврзани со проверките и имплементацијата на IFS стандардот.
До крајот на годината, ќе организираме вебинери чиј фокус ќе биде на:
- Спопделување на најдобри пракси
- Прзентирање на реални случаи од прверките на IFS стандардот
- Дискусија за заедничките предизвици со кои се соочуваат компаниите во своето секојдневно работење
Со нетрпение го очекуваме вашето присувство!
Милена Генкова
Менаџер за Развој на IFS за Р. Бугарија и Балканскиот регион
